Барате маса која ќе обезбеди квалитет и естетика на Вашиот кафе-бар или ресторан? Нашиот модел на барска маса Тоскана, ќе ги задоволи стандардите за квалитет, дизајн и функционалност.

Дијаметарот на плотната е достапен во повеќе стандардни димензии, што ја прави лесно прилагодлива и помага да заштедите простор. Достапна е во две висини така што може да ја комбинирате со високи барски столици или пониски.

Плотната се изработува од фурниран медијапан бука, даб или орев по Ваш избор, а за металот се достапни 10 нијанси.

Достапни димензии на плотна:

70/70 см

80/80 см

90/90 см

Димензија на висина:

90 см

105 см

Погледнете и други модели