7 Практични совети за уредување

Трендовите во уредувањето се менуваат, но постојат правила кои треба да се следат без разлика кој тренд е актуелен. Овие 7 правила ќе ви помогнат да го направите Вашиот простор функционален и пријатен.

 1. Гледајте ја широката слика

Сигурно барем еднаш ви се има случено да купите парче гардероба кое премногу ви се допаѓа, а подоцна да нема со што да го комбинирате. Истото може да се случи и со импулсивно и непланирано купување на мебел или докорација за домот. Затоа кога ќе видите нешто што многу ви се допаѓа запрашајте се: каде ќе биде сместен, дали воопшто ви е потребен и дали ќе се вклопи со останатиот мебел. Со ваквиот пристап ќе заштедите пари и време изгубено во погрешни одлуки.

2. Однос на цена и квалитет

Познатата изрека “Не сум доволно богат за дa купувам ефтини работи„ е во голем дел вистина кога се работи за мебел и апарати во домаќинство. Ако е нешто скапо тоа не значи дека е добро, но за жал или пак среќа, цената најчесто е најдобар показател на квалитет и трајност. Ограничениот буџет е најчест проблем, затоа најдобро е прво да се дефинираат приоритетите. На врвот на приоритетите со сигурност треба да бидат кујната, гарнитурата за седење, трпезаријата и гардероберите, затоа што штедејќи на овој тип на мебел не е заштеда, лошиот квалитет ќе ве натера брзо да купите нов. Останатите детали може постепено да се надоградуваат.

3. Дефинирајте го стилот на уредување

Недостиг на самоувереност води до неодлучност, кое резултира со скромен избор како во животот така и во уредување на животен простор. Затоа е важно да го дефинирате Вашиот стил и да го уредите домот во стил во кој уживате. Дали се држите до неутралните или носите смели, светли бои? Дали сте минималист или максималист? Погледнете ги боите, дезените и материјалите во плакаот за да добиете подобра претстава за вашиот личен вкус.

Dnevna soba so agolna garnitura

 

4. Внимателно изберете боја за ѕид

Каква боја ќе изберете за ѕидовите, ќе влијае на атмосферата во домот. Белата боја е секогаш сигурна опција за ѕидот, но не секогаш ја добива посакуваната топлина. Експертите советуваат бојата прво да се тестира на ѕидот на кој ќе се наоѓа, затоа што се менува зависно од текстурата на ѕидот и светлината во текот на денот.

5. Соодветни пропорции на мебел

„Два пати мери, еднаш сечи” уште една изрека која секогаш треба да ја имате на памет, кога го уредувате просторот. Тоа особено важи кога избирате мебел кој формира целина, како во случај трпезариски мебел. Доколку не купувате трпезариски сет, важно е да проверите дали пропорциите на различните парчиња мебел добро ќе се вклопат. На пример ако избирате винтиџ мебел, обратете внимание на димензиите затоа што се поразлични со стандардните димензии денеска.

Trpezariska masa i stolici

6. Доброто осветлување е императив

Добро осмислено и поставено осветлување е дел од секој убаво уреден ентериер. Ако за тоа мислите дека треба да издвоите вистинско богатство се лажете, доволно е само да се избегнуваат вообичаените грешки. Најчеста грешка е несоодветна висина на лустерот. Тоа е највидливо над трпезариска маса, со желба да се претвори во најистакнат детал се поставува премногу ниско и пречи. Лустерот треба да е поставен најмалку 80 см над трпезариската масата, но најправилно е да е според висината на просторијата, наоѓајки се на 2 метри од подот. Освен поставеноста, амбиенталното светло треба да се разликува од она кое ни е потребно за извршување на работните задачи. Со тоа топлината на светилки треба да биде идентична на различни светлосни тела зависно од нивната намена.

7. Што навистина можете да изработите сами?

Pinterest и DIY блоговите многумина ги наведоа во преценување на своите уменија и потценување на сложеноста на различни постапки, што често води до катастрофални интервенции во домот. Доколку немате искуство во изработка на мебел, не пробувајте да го стекнете на мебел кој е од големо значење за Вас, на места каде поправката на истите би чинела скапо.

AllEscort