Дизајнерско Катче: AIG Engineering

AIG Инжинеринг е биро за проектирање и студио за внатрешни уредување, лоцирано во Куманово, основано 2020 година од Андреј Митевски и Ива Митевска. Во продолжение можете да прочитате неколку совети за уредување, кои наши продукти најмногу ги користат во своите решенија, како и визуелни решенија на различни видови на простори.

„ Како познат македонски бренд за изработка на мебел, претпријатието Махагони во нивната долгогодишна работа има широк асортиман на производи од кои може да се направи одличен избор. Нивните модели често можат да послужат како инспирација за проекти за внатрешно уредување, а се изработени со висок квалитет и се секогаш во чекор со најновите трендови.

Производите од Махагони лесно се вклопуваат во секој стил на уредување што е многу важно за секој архитект. Кога при работа на проект за уредување имаме квалитетно парче мебел поставено како централна точка во просторот, понатаму е многу поедноставен целиот процес на избор на материјали и бои за една просторија.

Во нашите досегашни проекти имаме направено различни комбинации на маси и столици произведени од Махагони. Ќе наведам неколку производи од широкиот спектар кој го нудат. Производ  кој би го издвоиле е трпезариската маса Вега која е изработена од масивно дрво. Оваа маса претставува едно безвременско парче мебел кое може да се комбинира со повеќе типови на столици. Предност на овој модел на трпезариска маса е можноста за лесно извлекување на страните со што се добиваат соодветни димензии на маса со цел да го собере целото семејство.

Исто така, овој модел може да се комбинира со различни типови на столици во зависност од стиловите на уредувањето. Во нашите досегашни проекти сме правеле комбинации на трпезариската маса ВЕГА со моделите на столици ЕВЕЛИН И КАТЈА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AIG Engineering (@aig.engineering)

Во однос на столиците, во Махагони седлата на столиците се изработени од високо квалитетни материјали со голем избор на бои за секој вкус, а за ногарките на столиците може да се избере помеѓу дрво или метал што укажува на нивната лесна прилагодливост на различни стилови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AIG Engineering (@aig.engineering)

За проекти каде што имаме поголем простор за уредување секогаш ја предлагаме и барската колекција од Махагони која се состои неколку различни модели на барски столови и маси кои се идеални за модерни канцеларии, кафетерии или барови, или како составен дел на кујнскиот остров во кујната. Во овој дел би ја спомнале барската столица НАОМИ која е изработена од мебел штоф со минималистички изглед од која заедно со металните ногарки ја прави совршена за во секој дом.

Во широкиот асортиман на производи од дрво кои што го нудат Махагони имаат и мали клуб маси за дневната соба кои можат да се комбинираат со гарнитурата MICHELIN која ексклузивно може да се најде само во нивниот салон, како и со данските волнени килими од брендот LINIE DESIGN со што добиваме една целина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AIG Engineering (@aig.engineering)

Ако сте во дилема како да ги вклопите производите кои ги нуди Махагони, ова е еден од нашите предлози за комбинирање на материјали и бои кои моментално се во тренд.


Mood Board for mahagoni furniture

AllEscort