Дрво или метал – кој е изборот за Вашата трпезарија?

При избор на мебел за трпезарија, треба да внимаваме на повеќе работи. Почнувајќи од обликот на трпезаријата, за колку луѓе е наменета, колку често имаме гости – сите овие фактори влијаат врз изборот на трпезариски мебел.

При купување на трпезариска маса и столици, првенствено треба да избереме мебел според нашата потреба, кои ќе бидат истовремено функционални и добро дизајнирани. Во современиот дизајн, како два основни материјали за трпезарискиот мебел се дрвото и металот.Ние имаме неколку совети кои се надеваме ќе ви помогнат при избор на материјал за трпезариски мебел соодветен на вашиот дом.

Дрво

Дрвото е основен материјал за речиси било кој тип на мебел. Низ историјата има голема примена во мебелната индустрија, а денеска дизајнерите го користат за создавање модерен мебел, кој особено е ценет во светот на дизајнот. Дрвото е квалитетен и издржлив материјал, кој внесува топлина и пријатна атмосфра во просторот. Меѓутоа дрвото како природен материјал има способност да се шири и собира при одредена влажност. Почувствително е на гребанатини, па затоа доколку вашата трпезарија е со голема феквенција на луѓе, дрвото може повеќе да се оштетува.

Трпезариска маса Вега  / Трпезариска столица Катја

Метал

Металот во трпезарискиот мебел почесто наоѓа примена за конструкција на маси отколку за плотната. Металните ногари за маса имаат одредени предности во однос на дрво. Бидејќи металот не е природен материјал, влажноста и температурите не влијаат врз него. Масите со метални ногари не се оштетуваат толку лесно како дрвото, па поради тоа доколку имате голема фреквенција на луѓе не треба да се грижите за оштетувањето. Во модерните ентериери, се почесто наидуваме на декоративни елементи кои може лесно да се повржат со металот од трпезаријата, како на пример црн или бронзен метал во осветлувањето, различни додатоци за на маса и слично. Во нашата програма, имаме 9 нијанси на метал, кои ќе може да ги комбинирате и да создадете ултра модерен ентериер.

Трпезариска маса Сириус /  Трпезариска Столица Зои со метални ногари 

Комбинација на дрво и метал

Комбинирајте метал со дрво за да создадете модерна, а сепак топла и пријатна атмосфера во просторт. Спој на метал и дрво во трпезарија е модерен тренд, особено кога е направен со вкус. Доколку изберете маса со црн метал, одлично би се вклопиле со трпезариски столици со црни дрвени ногари кои ќе го дополнително ќе го модернизираат просторот.

Трпезариска маса Касио /  Трпезариска Столица Аурора