Како да изберете идеална трпезариска маса?

Избор на трпезариска маса е еден од клучните елементи за дизајнирање на трпезарија која е најчесто главна точка во домот. Пред да купите трпезариска масa размислeте за обликот, материјалот и димензијата која најдобро би се вклопила во просторот наменет за трпезарија.

Најпрвин треба да се направи анализа на просторот каде ќе се смести трпезариска маса. Клучна улога има димензија на масата, која влијае на тоа дали просторот ќе изгледа празен или ќе биде пренатрупан. Во иделни услови просторот од ѕидот или гарнитурата до трпезариската маса би требало да биде 80 см. која е оптимална димензија за слободно движење низ просторот.

Kruzna trpezariska masa so metalni nogari

Во зависност од стилот на целиот ентериер, одберете трпезариска маса која ќе се вклопи и формира целина. Без разлика, дали се работи за рустичен, модерен или скандинавски стил.

Доколку се работи за помал простор, најдобро би било да изберете квадратна трпезариска маса со димензии 90/90 см. 100/100 см. или правоаголна маса со димензија 120/90 см. а ако има опција за продолжување би било уште попрактично решение.  Доколку сакате да одите на кружна трпезариска маса, тогаш може да изберете опција со дијаметар од 90 до 110 см. каде би можело да собере од 4 до 5 столици.

Kruzna masa so trpezariski stolici

Доколку имате голем простор наменет за трпезарија, тогаш може слободно да изберете правоаголна маса со димензија 160см или 180 см. која би била идеален избор за шест луѓе. Речиси сите наши модели на трпезариски маси имаат опција за продолжеток од 50 см. при што ќе може по потреба да соберете од 8 до 10 луѓе на маса.

Изборот за материјал на трпезариска маса е особено важен ако сакате парче мебел кое ќе го користите со години. Во зависност од стилот може да се одлучите за целосно дрвена маса или трпезариска маса со метал. Ако се одлучите за трпезариска маса од дрво, тогаш бука, даб или орев е совршен избор за таа намена, поради нивните својства, текстура и издржливост. Доколку не ви одговараат природните нијанси на дрво, има опција за бајцување за да се добие нијанса која ќе одговара со целокупниот мебел. Ако целиот ентериер во домот ви е направен во модерен, индустриски стил може да се одлучите за комбинација на маса со дрво и метални ногари.

Trpezariska masa od orev

Сигурно решение за да комплетирате една трпезарија е да купите трпезариски сет, но како се менуваат трендовите денеска комбинирање на столици и маса кои не се од исти стилови или бои е се повеќе популарно.

Изборот останува на Вас, а во продолжение може да ги погледнете нашите комбинации на трпезариски маси и столици.