Се што треба да знаете за волнените килими

Волната е вистинско чудо од природата. Таа ги штити овците од најразлични временски услови и ја регулира температурата во нивното тело. Со нивно шишање се добива материјал – волна, при што животните не трпат никаква болка, а овците природно создаваат ново и здраво влакно.

Како ексклузивни застапници на данскиот бренд Linie Design, имаме голем избор на волнени килими со уникатни скандинавски дизајн. Linie Design e данска компанија, основана во 1980 година и за кратко време станува препознатлив бренд за рачно изработени килими во Северна Европа. Секој килим е дизјаниран од познати дански дизајнери, кои ја спојуваат традицијата и скандинавскиот дизајн.

Volneni Kilimi so skandinavski dizajn

Килим Regatta Ochre/Black 

 

Зошто да изберете волнен килим за Вашиот дом?

 

1. Се користат со генерации

Волната како природен материјал е био разградлива и е вистински пријател на нашата земја. Квалитетни се, траат со генерации и е исклучително издржлива подна подлога.

 

Волнен килим

 

2. Природен филтер

Волната делува како природен филтер, ја регулира влагата во воздухот и апсорбира загадувачи во просторот. Ова се должи на џабовите во волнени влакна, кои ја апсорбираат прашината од воздухот. Доколку го поставите килимот на директна сончева светлина, УВ зраците ќе ги уништат бактериите, при што нема потреба од додатни хемиски третмани.

 

 

3. Идеални за мали деца

Волнените теписи имаат и природно стегање и се идеални за семејства со мали деца, бидејќи се ублажува падот.

Volnen Tepih so crno bel dizajn

Килим Nyoko White 

4. Огноотпорност

Волната е природно отпорна на оган, бидејќи составот на влакното бара повеќе кислород за да го одржи пламенот. Што значи, ако ви падне жар од цигара на тепих, волната ќе го спречи ширењето и разгорувањето на жарот.

Волнен беж килим

Килим Charles Beige

 

5.  Топлотни изолатори

Волната како природен материјал, ја задржува топлината и е одлична инвестиција.

 

Начин на одржување

Волнените килими може нормално да се користат и одржуваат, како и теписите од синтетички материјали. Единствено треба да внимавате на дамките кои се од органско потекло, бидејќи може да дојде до фарбање на влакното од тепихот. За перење би било најдобро да ги однесете на сервис кај професионалци и да не користите агресивни средства за чистење. Волната има способност да се “ чисти сама „ така што површинскиот слој се менува при одење, а дамките кои не се навлезени подлабоко исчезнуваат, како еден вид на пилинг. Благодарение на влакното ланолин, волната е поотпорна на дамки и не им е потребно често чистење.

Волнен-тепих-махагони

 

Килим Asko Mixed 

 

 Volnen Kilim Fenja

Волнен Килим Fenja

 

Crn Volnen Kilim

Волнен Килим Burano

 

 

Volnen Tepih Ajo

Волнен Килим Ajo

 

 

 

AllEscort