Доколку барате удобна столица со едноставен дизајн, тогаш Софија е вистинскиот избор за вас. Високиот заоблен наслон дава анатомско седење и дава чувство како да седите на фотеља.

Наслонот е зацврстен со еластични појаси кои продолжуваат кон седлото кое е полнето со сунѓер и федери. Ногарите се изработуваат од масивно дрво бука или даб.

Функционален модел на столица, кој наоѓа голема примена како во трпезариите, така и во угостителски објекти.

 

Димензии:

Должина 65 см

Ширина 50 см

Висина 100 см

Висина на седло 48 см

Длабочина на седло 45 см

Погледнете и други модели