Кисо е идеална маса за кујна или како трпезариска маса за четири лица.

Минималистички едноставен изглед, кој ќе одговара на повеќе стилови. Уникатна е по својата тенка заоблена плотна од фурниран медијапан, како и косите ногари изработени од масивно дрво.

Достапна е во неколку стандардни големини и е одлично решение за угостителски објекти, кога квалитетот и дизајнот се подеднакво важни. Се изработува во дрво даб или орев, по Ваш избор.

Достапни димензии:

120/70 см

100/100 см

90/90 см

80/80 см

70/70 см

Погледнете и други модели