Модерно и функционално решение за сите домови, кои го сакаат модерниот микс на дрво и метал. Стандардната правоаголна форма и достапноста на димензии, оваа маса ја прават погодна за уредување на големи и мали трпезарии.

Плотната е изработена од фурниран медијапан, кој може да биде од орев, даб или бука, но и фарбан медијапан кој може да биде во боја од палетата на покривни бои за медијапан. Конструкцијата е од масивно дрво во комбинација со метал. Ногарките се од метал, изработени во облик на триаголник кои се наоѓаат на двете страни.

Трпезариска маса Атлас може да биде со фиксна димензија или со опција за продолжеток од 48 см. Продолжетокот се наоѓа под плотната на масата и со високо-квалитетен механизам, на лесен и едноставен начин масата може да се продолжи за плус 48 см од основната димензија.

Достапни димензии:

160/90 см

160/90 плус 48 см

180/90 см

180/90 плус 48 см

Висина 77 см

Други модели