Трпезариска маса Хуго е совршен баланс на убавина и функционалност. Дизајнот се карактеризира со чисти линии и модерни облини кои внесуваат визуелна мекост во секој простор.

Плотната на масата е изработена од фурниран медијапан, кој може да биде од орев, даб или бука. Конструкцијата е изработена од масивно дрво во комбинација со метал. Нозете се изработени од челик во форма на затворен триаголник, кои се наоѓаат од двете страни.

Трпезариската маса Хуго може да биде со фиксна димензија или со опција за продолжување од 48 см. Продолжетокот се наоѓа под плотната на масата и со висококвалитетен механизам, на лесен и едноставен начин масата може да се продолжи за 48 cm од основната димензија.

Достапни големини:

160/90 см

160/90 плус 48 см

180/90 см

180/90 плус 48 см

Висина 77 см

Погледнете и други модели