7 совети за уредување на мал простор

Уредувањето на мали ентериери е голем предизвик. Мали простори може да се уредат еднакво функционално како и поголемите, со добра организација и користење на функционален мебел. Без разлика дали се работи за гарсоњера или за преуредување на една соба од домот, сепак може да внесете стил и удобност, без да влијаете на функционалноста. Доколку имате мал простор и сакате да направите промена, прочитајте некои наши совети кои ќе ви помогнат во тоа.

 

        1. Изберете функционален мебел

Изберете практични решенија за Вашиот дом, како што е трпезариска маса со продолжеток и гарнитура со простор за одлагање. Без разлика дали ќе се решите за кружна трпезариска маса, квадратна или правоаголна изберете маса со помали димензии и со опција за продолжеток, кој ќе го користите само по потреба, а притоа нема да влијае на просторот. Во малите простории секое парче на мебел треба да се искористи максимално и да има своја намена.

  2.  Користете материјали кои рефлектираат

Доколку се одлучите за мебел со висок сјај или сјајни плочки ќе имате ист ефект како и со огледала, бидејќи се рефлектира светлината и се добива визуелно поголем простор. Доколку имате мат површини, може да користите огледала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara | interior (@saratornblad)

  3. Пастелни бои на ѕидови

Кога станува збор за ѕидови во мали простории, држете се до светли пастелни нијанси. Доколку белата боја не е Вашиот избор, секогаш имате опција да одберете сива или кафеава во светли нијанси. Може да додадете и некој дел со дезенирани тапети кои ќе влијаат на визуелно зголемување на просторот.

Pastelni boi za zidovi

4. Удобноста да биде приоритет

Иако се работи за мал простор, тоа не значи дека комфортот треба да е на пониско ниво. Секогаш имајте на ум, дека е подобро да одберете некое поголемо и поскапо парче на мебел кое е практично и удобно, а да го поштедите просторот од некои ситници кои заземаат простор. Бидете храбри во овие одлуки.

Agolna garnitura

5. Добро поделен простор

На прв поглед, концептот на отворена кујна и трпезарија може да делува како одлична одлука во мали станови, но со текот на време ќе се уверите во спротивното. Отворена кујна и трпезарија може да делува хаотично и неуредно во мал простор. Пред да почнете со уредувањето, најпрвин дефинирајте ги добро просториите во домот.

6. Искористите ги неискористените делови од домот

Со текот на времето малите станови може да делуваат монотоно, затоа е особено важно да ги искористиме „ мртвите ѕидови“ и покрај функционалноста, да создадете уникатни и интересни дизајни. Најчесто во горните делови на ѕидовите има неискористен простор, кој може да се искористи за полици, или други предмети кои ќе внесат топлина во домот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophie Lloyd (@sophielloydpro)

7. Мебел по мерка 

Во некои парчиња на мебел, може да се вклопат и повеќе од една функција, а тоа најдобро го знаат производителите на мебел по мерка. Поради тоа, најдобро е да ги прашате за совет, бидејќи може да ви помогнат со импресивни решенија, особено кога станува збор за кујна.