5 грешки кои треба да се избегнуваат при отворени дневни зони

Потрага по повеќе простор и светлина, рушејќи што е можно повеќе ѕидови е новиот тренд на современо живеење. Оттука, отворениот простор станува клучен фактор во новите eнтериери.

Познати ни се големите домови каде кујната, трпезаријата и дневната соба беа одделни простории. Денеска овој тип на простор е карактеристичен повеќе за традиционални решенија на ентериери.

Повеќето медерни домови имаат отворен тип на дневен простор каде во една просторија се сместени дневна соба, кујна и трпезарија. Сепак за добра, функционална организација и квалитетно уреден простор потребна е вештина, а во продолжение прочитајте кои 5 грешки да ги избегнете: 

1.Несоодветно распределување на простор

За да биде функционално и визуелно соодветен дневниот простор од отворен тип, треба јасно да се прецезирани потцелините кои ги опфаќа. Иако се наоѓаат во една просторија, сепак кујната, трпезаријата и дневната соба имаат своја функција и поради тоа треба да се третираат како оделни простории, а сепак да формираат една хармонична визуелна целина. Тоа се постигнува со поединечни клучни елементи како килими, осветлување, сепаратори, форма на сид или полица со кои секоја функционална зона ќе се одели и означи како единствена целина.

 

2. Премногу различни стилови

Комбинирање на различни стилови во ентериер е она што дизајнерите го практикуваат, но доколку се претера може да доведе до хаотичен амбиент кои најлесно се забележува во отворен тип на дневна соба. Затоа, ако комбинирате кој и да било стил, деталите кои ќе се користат треба да бидат во иста тема и да преовладуваат низ целиот простор. На пример, ако користите црн метал во декорација, тогаш може рамките на слики да се црни како и осветлувањето да биде со црн метал. Доколку се користи бел медијапан во кујната и плочестиот мебел на дневна соба пожелно е да биде во ист тон, повржувајќи ги сите потцелини.

3. Лошо испланирано осветлување

Секоја потцелина во ваков тип на дневна соба треба да има самостојно осветлување, со кое ќе се оддели една од друга. За дневна соба и трпезарија најсоодветни се висечките лустери, кои истовремено ќе ја нагласат и одделат како потцелина. Во кујната приоритет е добра видливост, па тука плафонското осветлување е најсоодветно.

4. Непропорционален мебел

Соодветна пропорција на мебелот и просторијата во која се наоѓа е најважна. Кога се избира гарнитура за седење и трпезариски сет, нивната големина треба да е соодветна на квадратурата на просторот. Многу масивен мебел во мал простор визуелно ќе го затвори, но и ќе го ограничи движењето во просторот. Затоа големината на просторот и неговата конфигурација треба да се појдовна точка во одбирање на мебел.

5. Премногу или премалку различни материјали

Еден од предизвиците во уредување на отворени простории е комбинирањето на различни материјали, со цел да не се претера и да се добие шаренило во просторот, но да не се користи еден тип на материјали и да се добие монотон и едноличен амбиент. Доколку не сакате да се консултирате со дизајнери на ентериер или архитекти, може да направите mood-board каде ќе ги ставите сите материјали од дрво до штоф со цел подобро да си претставите дали тие меѓусебно се вклопуваат. Општа препорака е да не се користат помалку од три материјали а не повеќе од пет различни материјали и бои на истакнатите површини.

AllEscort