Цврста рамка со едноставен дизајн, прави линии, изработена од дрво бука или даб, но со  елегантни пропорции столот Џина особено добро се прилагодува за трпезарии или ресторани каде рака под рака одат заедно долгите раговори и задоволството од добра храна.

Необично тапациран наслон со отвор во долиот дел на грбот, каде рамката од дрво излегува како детал, со широко тапацирано седло за длабоко седење ја нагласува максималната удобност.

 Изборот на бои за масивните, дрвени, коцкасти ногари како и ткаенини за тапацирање ви овозможува да го креирате омиленото парче мебел во Вашиот дом.

 

Димензии:

Длабочина 60 см

Ширина 52 см

Висина 88 см

Висина на седло 50 см

Длабочина на седло 46 см

Погледнете и други модели