Дизајнерско Катче: TAU Design

    Како бренд кој има успешна соработка со дизајнери на ентериери и проектантски студиа, делот „ Дизајнерско Катче “ го посветуваме на нив, каде ќе прочитате нешто повеќе за уредувањето и кои модели се нивните фаворити. 

Започнуваме со архитектката Сара Стефановска ( TAU Design ) која открива што и е важно при уредување, како и кои модели најчесто ги користи во своите проекти.

“ Секое парче мебел во себе носи посебна енергија, која што подоцна делува врз амбиенталните вибрации во ентериерот во кој ќе се најде. Производите со кои се среќаваме во салоните на Махагони несомнено имаат препознатлив изглед, со што меѓусебно наликуваат едни на други, па истото е голема предност и олеснување кога сте во потрага на совршена комбинација од повеќе парчиња мебел за во еден ист ентериер. Покрај многубројните штофови, бои и текстури со кои можам да постигнам каков дизајн и да замислам, сакам да го нагласам квалитетот и комфорот кој го нудат гарнитурите и столиците поради што истите ги комбинирам кога за моите клиенти барам удобност и елеганција во дневната соба и трпезаријата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TAU DESIGN (@taudsgn)

   Неретко во моите ентериери овие модели на столици ги избирам и за во детски соби, токму поради стабилноста, квалитетот и анатомијата на седење, клучни фактори на кои внимавам при дизајнирање за најмладите. Помалку познат фактор на кој се обрнува внимание е и тоа што сите знаеме дека децата се чувствуваат посебно кога прават исто што и возрасните, па поставувањето на ваков стол во детска соба е уште еден скриен мотив при создавање на индивидуалното и посебно чувство на дом. Голема одговорност претставува и дизајнирање на простор во кој ќе престојува бебе, па за побезбедна и похигиенска околина секогаш прв избор ми се волнените килими од данскиот бренд Linie Design, земајќи ја во предвид нивната способност да делуваат како природен филтер, а и секако отпорност на дамки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TAU DESIGN (@taudsgn)

 

 

Во однос на мебелот омилени ми се неминливите трпезариски столови Аурора, Бјанка и Клои -овие модели едноставно зрачат со одредена грациозност и елеганција, која секогаш преферирам да ја комбинирам со незаменливата топлина на ногари од масивно дрво како и дрвена трпезариска маса од орев, даб или бука. Поради внимателно дизајнираните седла и ракофати од столиците лесно се станува и се уште полесни за седнување, а пријатниот допир со материјалите само додатно го зголемува квалитетот на времето поминато во нив. Исто така скоро секоја трпезариска маса си има мала matching клуб масичка како уште еден момент од дневниот престој, со што се снабдувате со буквално сѐ на едно место и вашиот дом е спремен за мирни, удобни и комфорни генерации! Го бирам Махагони бидејќи сум во потрага по квалитетен и одржлив дизајн без рок на траење.„

 

[metaslider id=5574]