Како да изберете столици за Вашата маса?

На сите ни е добро познато кога столот е премногу мал или премногу голем. Едниот е претежок, а другиот не е стабилен. Во продолжение Ви даваме неколку предлози како да го изберете идеалниот стол за Вашата маса.

 

Модерни 

Имате модерна трпезариска маса, за која барате удобни столици со елегантни линии, кои ќе ја комплетираат Вашата трпезарија со луксузен изглед. Доколку сакате дизајн и комфорт на едно место, со сигурност ќе Ви се допадне столот Стела. Елегантен стол со раконаслон, идеален за маси од 160 см. и 180 см. Ако се работи за помала трпезариска маса, тогаш Аурора е вистинскиот избор за Вас, кој со својот полукружен наслон ќе придонесе удобно и анатомско седење.

 

Moderna Trpezariska stolica

 

Mинималистички

Доколку трпезаријата е најчеста вечерна станица за Вас и Вашите гости, каде се собирате за вкусните јадења и дружења, овој тип на столици се идеални за таа немена. Столици кои одговараат на дрвени маси, кои се со едноставен дизајн, а особено се истакнува квалитетот. Таков модел е Ноа, карактеристичен по своите коси ногари и минимализам. Лесни се за поместување, а сепак стабилни поради ногарите од масивно дрво.

Minimalisticki dizajn na stolica

 

 

Индустриски

Едноставна столица, која никогаш нема да Ви здосади. Индустрискиот стил е полесен за комбинирање отколку што мислите. Како основа на индустриски стил е металот. Наоми   е кул индустриски стол, со метални испреплетени ногари. Доколку барате нешто невообичаено, спој на елеганција и индустриски стил, тогаш Клои е за Вас.

Stolici so metalni nogari

Рустични

Барате безвременски дизајн на столици? Посветени сте на Вашите вечери и потребни ви се столици кои ќе одговараат со рустична кујна и со целокупниот ентериер. Нашата рустична колекција е богата со детали, кои ќе направат да се чувствувате посебно во домот. Столот Луиџи и Брианзола, се единствени по својот софистициран изглед и изработка.

 Stolice so rusticen dizajn